Пронајдени се црните кутии на срушениот руски авион

Како што соопшти авиокомпанијата „Татарстан“, лоцирани се црните кутии од авионот „Боинг 737-500 што се урна вчера кај рускиот град Казан.

Црните кутии се лоцирани во кратерот,  кој се создал при падот на авионот, кој се создал при падот на авионот. 

При ирувањето на авионот загинаа сите 44 патници и шестте членови на екипажот. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек.

Боингот  направил три обиди да слета пред да се урне на аеродромот во Казан. При подготовките за третото слетување Боингот ја загубил височината, по што удрил во земјата и се запалил. При ударот експлодирале резервоарите за гориво.

 

 

 

18.11.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега