„Сврти јамб за милион“ - најнова игра на среќа на Државна лотарија на Македонија

Државна лотарија на Македонија викендов под мотото „Сврти јамб за милион“ ја промовираше својата најнова игра на среќа во Инстант лотариите, Среќни коцки.

Добитните комбинации во најновата игра на среќа, Инстант лотаријата Среќни коцки, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на лозот. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра ќе бидат особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра.

Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи пет премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000 денари, а секој трет лоз е добитен.

Еден инстант лоз Среќни коцки чини 40 денари.

18.11.2013 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега