Невреме во Виетнам - загинаа 36 лица

Бројот на жртви во поплавите кои го зафатија Виетнам достигна 36 лица,а девет лица се водат за исчезнати, соопштија виетнамските власти

Поради поплавите околу 80.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови. Во централен Виетнам се поплавени приближно 250.000 куќи.

Нивото на водата денеска забележително е опаднато и многу луѓе веќе се вратија во своите домови.

Од поплавите најтешко е погодена провинцијата Бин Дин, каде има 18 загинати и деветмна исчезнати.

 

18.11.2013 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега