ВИДЕО: Уништени домови, жртви и мрак - торнадата во САД направија хаос

Шест лица загинаа при големото невреме, проследено со разурнувачки торнада во Илиноис. Невремето направило најголем хаос во градот Пеорија, каде неколку помали населби се нашле директно на удар на торнада.

Невремето проследено со силните ветрови, удари на гром и поројни дождови предизвика и најмалку 11 торнада. Најтешко е погодено градчето Вашингтон во Илиноис, каде има еден загинат, а околу 70 куќи биле уништени. Спасувачките екипи морале да интервенираат да спасат луѓе заробени во нивните подруми.

- По ова што се случил, се мислам ќерката да ја крстам Дороти, изјави Тереза Ванцил од градот Пекин, потсетувајќи на филмот во кој торнадо го носи девојчето Дороти во волшебната земја Оз. Ванцил се породувала кога градската болница морала да биде евакуирана поради приближување на торнадо.

Стотици илјади граѓани на Илиноис, Мичиген и Индијана остана без електрична енергија.

18.11.2013 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега