Општина Струмица: Не сме набавувале сомнителни производи

Општина Струмица реагира на текстот кој Press24 го објави повикувајќи се на информации од порталот Курир дека фирмата Тргопродукт го снабдувала со корнишони и ЈП Комуналец како и Општина Струмица. 

„Овој текст е целосно насочен кон нарушување на угледот на респектабилни компании, како и на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, воедно  и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

 

Апсолутно нема никаква набавка на корнишони под сомнеж. Општина Струмица никогаш не набавувала никакви сомнителни производи“ - стои во дематнтот од општина Струмица.

17.11.2013 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа