Бизарно: Си ставила тампон и починала

Четиринаесет годишната Наташа Скот Фалбер од Велс починала од многу ретка инфекција откако по прв пат во животот користела тампон.

Тинејџерката починала само пет дена откако ги почувствувала првите симптоми на инфекцијата.

Нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот татко Мајк Фалбер.

„Неможам да ви опишам колку ми недостига нашата весела ќерка која по цел ден уживаше свирејќи и пеејќи“, вели тој.

Нјсизнот семејство мисли дека девојчето настрадало од токсичен шок- од бактериска инфекција од која страдаат само 40 луѓе во цела Велика Британија.

 

Оваа инфекција обично се појавува кога бактеријата стафилокока, која инаку е безопасна, ќе влезе во крвотокот и ќе излачи опасни токсини дирекно во крвта.

17.11.2013 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега