Во Кратово "никна" Дневен центар за деца со пречки во развојот

Во Кратово никна Дневен центар за деца со пречки во развојот. На свеченото пуштање во употреба присуствуваа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кратово Мите Андоновски.

Министерот Спасов истакана дека ова е организиран начин децата да минуваат период од денот со педагог, психолог, дефектолог и медицинско лице: - Ова е 24. дневен центар, кој го отвора Министерството. Во наредниот период ќе продолжиме со иста динамика. Во завршна фаза е дневниот центар за деца со аутизам во Скопје, а предвидено е да се отвори уште еден дневен центар за деца со пречки во развојот во Скопје, дополнително во Липково, Струмица, Охрид и Валандово, информира Спасов.

Спасов  апелираше до родителите да ја искористат оваа можност и да се информираат во Центарот за социјални работи за дневниот центар. 

Инаку, дневниот центар ќе обезбеди целодневна грижа, нега, психосоцијална рехабилитација и едукација на децата со пречки во развојот.

Центарот е инвестиција на МТСП, во вредност од три милиони денари.

16.11.2013 - 15:26
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега