Патнички воз во Москва прегази пет момчиња

Синоќа околу полноќ во северозападниот дел на Москва патнички воз прегаза пет момчиња.

Инцидентот се случил помеѓу железничките станици Покровскоје - Стрешнево и Тушино, само 10 минути после полноќ кога се прегазени петмина, од кои четворица претрпеле тешки повреди и многу брзо починале на лице место.

Од московската полиција соопштија дека тројца од прегазените имаат по 20 годинии, еден 18, а еден имал 16 години.

 

Истрагата е сеуште во тек.

16.11.2013 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега