Две девојки предизвикале масовна тепачка на плоштадот во Скопје - тројца во болница

Три лица завршиле во болница откако утрово, по 3 часот учествувле во масовна тепачка на плоштадот Македонија во Скопје, информира полицијата. 

До тепачката дошло по претходна жестока кавга меѓу две се уште непознати девојки во ноќниот клуб Социјал. Две групи од по неколку лица се обиделе да ги раздвојат, но ситуацијата ексалирала и прераснала во тепачка која продолжила и надвор пред ноќниот клуб.

Со возило на итна медицинска помош, тројца учесници во тепачката, И.Б.(18), С.С.(24) двајцата од Скопје и М.В.(21) од Битола, се пренесени во ГОБ-Скопје, при што им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се приведени во ПС, каде како учесник е донесен и Н.Н.(18) од Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

16.11.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега