Мадона побара да се ослободат активистите на Гринпис

Мадона побара да се ослободат 30 членови на екипажот на бродот на „Гринпис“, кои беа уапсени пред два месеци во Русија, по протестот против експлоатацијата на нафта во Арктикот.

„ Тие 30 лица се во руски затвор, бидејќи организираа мирен протест во Арктикот. Дигнете го својот глас! Вратете ги дома“, напиша пејачката на Твитер.

Мадона го искористи својот концерт во Русија за да упати политички пораки. Минатата година во Москва таа повика од сцената да бидат ослободени членките на бендот „Пуси рајот“, кои отслужуваат две години затвор за протест против Путин.

 

Таа на концертот во Санкт Петерсбург Мадона исто така им подели на своите фанов розови ленти во знак на протест против оспоруваниот руски закон, со кој се забранува пропагирање на хомосексуалноста меѓу малолетните лица.

16.11.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега