Научници ја проучуваат приказната за „Црвенкапа“

На сите ни е добро позната приказната за малото девојче Црвекапа кое одела во посета на баба и, но овој пат научниците решија да истражат од каде дошла и како оваа приказна се проширила.

Така тие успеале да направат некој вид „еволутивно дрво“ за популарната приказна.

На чело на овој проект е Џејми Техрани од Универзитетот Дарам кој покажа дека „Црвенкапа“ дели „корени“ со друга популарна народна приказна „Волкот и децата“.

Во приказната „Волкот и децата“волкот се маскира во коза и ги јаде нејзините деца. Приказната која поттекнува од првиот век била популарна во Европа и на Блискиот исток. „Црвенкапа“ каде големиот и лош волк го јаде девојчето откако се преправил во нејзината баба, се појавила 1.000 години подоцна.

Според Техрани приказната ја запишале браќата Грим во 19 век, но нејзините корени водат потекло од устните традиции на Франција, Австрија и северна Италија.

Слични вакви приказни можат да се слушнат во Африка и Азија, вклучувајќи ја и „Тигровата баба“ која се раскажува во Јапонија, Кина и Кореја.

За да се открие историјата на приказната, Техрани користел метод кој се вика филогенетска анализа на 58 варијации приказни и се фокусирал на 72 варијабили, вклучувајќи и тоа дали главниот лик е момче или девојче, група или роднини, дали е лош волк, тигар или нешто друго, какви трикови користеле негативците и дали главниот лик преживеал.

 

„Постои популарна теорија дека архаичната верзија на „Црвенкапа“ потекнува од кинеската орална традиција“ и од таму се проширила на запад. Мојата анализа покажува дека кинеската верзија е дериват на европската орална традиција“,рече Техрани.

16.11.2013 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега