Според Викинзите крајот на светот ќе дојде за 99 дена?!

Во градот Јорк вчера, звук на антички инструмент го означи почеток на одбројувањето на 100-те дена до крајот на светот. Според оваа  викиншка апокалипска, се вели дека Судниот ден ќе дојде за точно 99 дена.

Нордиската митологоја раскажува за богот Хеимдал кој дувнал во рогот за да ги предупреди луѓето за опасноста што се приближува. Викинзите верувале дека пред да дојде крајот на светот ќе има три јаки зими меѓу кои нема да има лето, ќе исчезне моралот и ширум светот ќе се водат војни.

 

Така според нивните прогнози крајот на светот ќе биде на 22 февруари 2014 година, кога ќе има земјотреси, нивото на морето ќе се зголеми, а Земјата ќе биде покриена со отров.

16.11.2013 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега