Гоца Тржан си најде 14 години помлад маж

Гоца Тржан ќе се мажи по втор пат за 14 години помладиот дечко Рашо. Според пишувањата на српските медиуми, Рашо и ја побарал раката на пејачката пред неколку дена, а таа на неговата просидба одговорила потврдно.

"Гоца и Рашо се во стабилна врска веќе две години. Сите знаевме дека тоа кога-тогаш ќе резултира со брак. Тие и онака живеат исто како да се во брак, па листот хартија воопшто и не им менува ништо", открил извор за српските медиуми и додал дека Гоца е честа гостинка во семејната куќа на Рашо каде е многу сакана и обожавана.

Инаку, ова на Рашо ќе му биде прв брак, додека на Гоца втор. Таа во 2007 година се омажи за Иван Маринковиќ со кого ја имаат ќеркичката Лена. 

Гоца за еден српски неделник открила дека сака повторно да се испроба во улогата на мајка, но додала дека таа и Рашо имаат потешкотии околу тоа.
"Се плашам дека не сум во ситуација да зборувам отворено за тоа, бидејќи станува збор за нечие здравје. Сакам повторно да бидам мајка, а дали тоа ќе се случи останува да видиме. Сепак, има многу парови, ко

15.11.2013 - 23:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа