Столари, тапетари, механичари - белгиски Van Hool бара работници во Македонија

Van Hool Белгија во просек произведува годишно 1,400 автобуси и 4,000 комерцијални превозни средства од кои 80% се распространети низ светот. Van Hool Белгија е главен производител на автобуси во Европа со 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајнирање и создавање на високо квалитетни и современи производи.  
 
Поради проширување на производниот капацитет Van Hool Македонија моментално има потреба од следниве работни позиции: 
 
Заварувачи
Столари
Тапетари
Електричари
Инсталатери на хидраулика и пневматика
Инсталатери на прозорци
Механичари
Автолимари
Автолакери
Полирачи
Индустриски шивачи
Општи монтери
 

Потребни квалификации:

 

  • Диплома за завршено стручно или средно техничко образование
  • Претходно соодветно работно искуство од најмалку 2 години на иста или слична позиција во производство/сервис 
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови
 
Доколку сте заинтересирани за некоја од горенаведените позиции испратете го Вашето CV на Англиски и/или Македонски јазик на следнава email адреса:
 
 
Вашето CV треба да биде испратено со назнака во насловот на пораката за бројот на позицијата за која аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база во времетраење од 12 месеци.
 
Краен рок за доставување на апликациите: 22/11/2013
15.11.2013 - 21:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега