Научници по грешка го убиле најстарото суштество на светот

Школката Минг е стара 507 години, и е најстарото суштество на Земјата. Таа ја надживеала  кралицата Елизабета прва, Англиската граѓанска војна, Индустриската револуција и двете Светски војни, а нејзиниот живот бил прекинат по грешка.

Научници од универзитетот Бангур го исушиле морското дно во близина на Исланд и така ја убиле најстарата школка.

Броејќи ги прстените , тие првобитно пресметале дека Минг има 405 години, меѓутоа, научниците сега признаа дека направиле грешка и дека веруваат дека школката е 100 години постара.

14.11.2013 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа