Украле 3000 евра со помош на правосмукалка!

Крадци смислиле оригинален начин како да украдат голема сума на пари. Се работи за крадци од Италија кои ги извлекле парите од каса на една бензинска пумпа користејќи правосмукалка!

Како што пренесува Corriere del Mezzogiorno, во текот на вчерашниот ден крадците со помош на правосмукалката собрале неверојатни 3000 евра, по што се упатиле во непознат правец.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, пронашла само правосмукалка. Се работи на расветлување на случајот.

14.11.2013 - 09:38
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега