Бројот на загинати од тајфунот Хаијан достигна 2.344 лица

Бројот на жртвите од тајфунот Хаијан кој минатата недела ги погоди Филипините, достигна 2.344 лица.

При ударот на силната бура се повредени 3.804 луѓе, а 79 се уште се водат како исчезнати.

Тајфунот Хаијан, кој е еден од најсилните досега, во петокот ги погоди источните острови на Филипините, уништувајќи притоа илјадници објекти, а околу 600.000 лица мораа да ги напуштат своите домови.

13.11.2013 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега