Фатен несовесниот возач кој се обиде да убие полицаец во Драчево

Македонската полиција денеска го приведе лицето кое вчера се обиде да прегази полициски службеник со својот автомобил, па избега од местото на настанот. Се работи за 26-годишниот Т.В. кој синоќа со својот автомобил марка Лада Нива, прегазил полицаец кој бил на должност, а потоа наместо да застане, веднаш избегал од местото на настанот како ништо да не се случило.

Од ударот полицискиот службеник паднал на земја успеал да го извади службениот пиштол и да испука еден куршум во воздух, но несовесниот Т.В. заедно со 38-годишниот С.Н. кој бил на совозачкото место, избегал со својот автомобил.

Полицаецот завршил со скршеница на ногата, а насилникот ќе одговара за делото кое го направил.

 

13.11.2013 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега