Хорор за тинејџерка: Три дена ја силувале и мачеле

Босанска тинејџерка доживееала вистински хорор. Тројца мажи ја киднапирале  а потоа три дена ја држеле во заложништво и во алкохолизирана состојба ја силувале неколку пати.

Медиумите во Босна  пишуваат дека девојчето било киднапирано на 28 октомври по завршувањето на часовите. Силувачите, С.Ч. (34), З.М. (51) и Х.Р. насилно ја внесле во автомобил, а потоа ја однеле во стан во населбата Горна Лохиња. 

Таткото на тинејџерката на полицијата изјавил дека три дена пијани ја држеле неговата ќерка и се иживувале врз неа.

„Таа не може да спие, ноќе се буди и вреска ’Пуштете ме’. Не ни раскажа што се’  преживеала, но на мојата сопруга и рекла дека кога се разбудила првата ноќ лежела меѓу мажите, гола и крвава“, рекол нејзиниот татко за „Дневни Аваз“ за хоророт кој го преживеало ова девојче.

Мајката тврди дека злосторството го направиле неколку соседи кои претходно и  на тинејџерката и пишувале заканувачки пораки.

Девојчето поради претрпениот шок не посетува настава, а родителите не ги пуштаат во училиште и другите деца бидејќи добивале закани по живот.

 

13.11.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега