Едвард Сноуден мора да ги исполни условите на Путин

Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена потврдил дека со својот клиент разговарал за условите за добивање дозвола за престој поставени од рускиот претседател Владимир Путин, а тоа подразбира крај за антиамериканските активности.

Адвокатот  вели дека Сноуден го разбира ставот на рускиот претседател но дека не може да престане со објавување на материјали кои веќе претходно ги доставил на новинарите во Хонг Конг.

Сноуден би можел да се појави во својство на сведок пред германските пратеници доколку тамошниот суд подигне кривична постапка поради незаконско прислушкување на германската канцеларка Ангела Меркел.

13.11.2013 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега