Крадците не запираат - скопјанец остана без 240.000 денари

Пред два дена улицата „Алпи“ во Скопје била извршена тешка кражба во куќата на скопјанецот Б.Ш. Засега непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата, извршил пребарување и одзел лап-топ компјутер, ај-под и кутија со златен и сребрен накит.

На овој начин крадецот си заминал од куќата потежок за 240.000 денари.

Полицијата работи на случајот.

13.11.2013 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа