Долорес О’ Риордан си ја отвори душата: Бев силувана!

Пејачката на бендот „Кренберис“ , Долорес О’ Риордан си ја отвори душта пред целата светска јавност. Таа во исрското списание „лајф“ зборувала за ужасно злостовување низ кое поминала како дете.

Долорес открива дека еден ист човек  ја силувал  четири години, кога имала осум години, и  злоставувањето траело сè додека не наполнила 12 години а нејзиното семејство се преселило во друг град.

-Кога имав седум години, се преселивме во населба во која живееја многу луѓе. Мајка ми многу работеше, а татко ми кој имаше оштетување на мозокот не можеше да види што ми се случува – рекла Долорес.

Пејачката додава дека со оваа изјава си ја прочистила душата.

- Повеќе  ништо не носам  на душата, само мир и исцелување. Како од рамениците да ми паднал голем товар.“

- Мислам дека тоа што се отворив ќе им помогне на другите луѓе. Доколку луѓето кои ја сакаат мојата музика, ќе ме сакаат и после ова, ќе се чувствувам добро ,изјавила  Долорес

13.11.2013 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега