ФОТО: Запознајте ја злобната Анџелина Џоли

Холивудската актерка Анџелина со своите продорни очи, полни усни и соодветни шминка и костим навистина совршено ја одигра самопрогласената „господарка на злото“. Последниот филм на Џоли, „Maleficent“ во кината ќе биде на пролет, а Дизни објави плакат за филмот каде таа како „злобница“ изгледа навистина фантастично.

Новиот плакат се појави само еден ден пред да биде пуштен трејлерот на филмот, во кој глумат и Ел Фенинг, Имелда Стонтон, Миранда Ричардсон, Џуно Темпл, Лесли Менвил и Шарлто Копли. Филмот е во режија на Роберт Стормберг, кој доби Оскар за неговата работа на Avatar и Alice in Wonderland, а извршен продуцент е лично Џоли.

Филмот е снимен во Англија, а сценариото се заснова на „Заспаната убавица“, со тоа  што Аџелина глуми негативец.

За изведбата на лошата кралица Maleficent Анџелина Џоли носи жолти леќи. Изведбата на оскаровката ќе открие зошто таа станала лоша и зошто го проколнало новороденчето Аурора или Заспаната убвица 

13.11.2013 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега