Убавиот збор железни врати отвара - Денеска е Светски ден на љубезноста

Денеска се одбележува светскиот ден на љубезноста,  13 ноември традиционално се слави веќе 15 години.

 Овој ден посебно се одбележува во Канада, Јапонија, Австралија, Нигерија и Саудиска Арабија, а последните неколку години се поголема популарност стекнува и во Индија, Италија, Сингапур и Велика Британија.

Овој ден е можност да размислиме за своите досегашни постапки, поставувајќи се над територијалните, културолошките или регионалните граници и да сфатиме дека сме дел од глобалното општество, бидејќи не сме ни подобри ни полоши од другите култури, раси и религии. Но никогаш не заборавајте дека добриот збор железни врати отвара.

13.11.2013 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега