Жените во Романија ќе заминат во пензија на 65 години

 

Жените во Романија, ќе се пензионираат на 65-годишна возраст од 2035 година, кога ќе биде изедначена возраста за заминување во пензија меѓу мажите и жените, предвидува нацрт-законот на Министерството за труд, семејство, социјални работи и возрасни лица.

Министерството на Романија го стави на јавна дискусија нацрт-законот за измени и дополнување на законот за единствениот систем за пензионирање, кој предвидува и двата пола да заминуваат во пензија на 65 години по 35-годишен стаж и минимун 15 години работен стаж. 

За таа цел постепено ќе биде зголемувана возраста за пензионирање, со тоа што од јануари 2015 година за жените ќе се зголеми од 59 на 60 години, а за мажите од 64 на 65 години.

По јануари 2015 година возраста постепено ќе се зголемува само за жените, до 63 години во 2030 и до 65 во 2035 година.

Оваа мерка ќе важи само за жените родени по 1970 година. 

 

13.11.2013 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа