Нов пеколен бран- неделава температури и до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.
УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица.
Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа