Реакции на Атина и Никозија на изјавата на Ердоган за Кипар

И во Никозија предизвика остри реакции изјавата на турскиот премиер Ердоган кој изјави дека  „не постои никаква земја која се вика Кипар“

Владиниот портпарол Христос Стилианидис во писмено соопштение наведува дека наместо изјави за оспорување на Република Кипар, турскиот премиер би требало да покаже добра волја и во пракса да потврди дека постојаните уверувања на Анкара за брзо решение не кипарскиот проблем се одраз на вистински намери.

Стилианидис истакна дека изјавата на Ердоган е насочена кон земја членка на ЕУ, како и дека доаѓа во момент на консултации за формирање на заедничка декларација со цел за продолжување на дијалогот за решавање на кипарскиот проблем.

Ердоган претходно зборувајќи на средба во Полска,  изјави дека не постои држава која се вика Кипар, објаснувајќи дека тоа што постои е локална администрација на јужен Кипар. - Северен Кипар има и една зелена линија меѓу северен и јужен Кипар, на која се наоѓаат безбедносни сили на ОН, за кои ЕУ знаеше кога ја донесе одлуката за членството на оваа островска земја, нагласи турскиот премиер

13.11.2013 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега