Наместо да застане го прегазил и побегнал - полицаец тешко повреден во Драчево

Полициски службеник попладнево околу 16:30 часот бил прегазен од возач со автомобил Лада Нива во скопско Драчево, јавува Курир. Според информациите кои ги објави порталот полицаецот бил дел од полициска патрола која се обидела да го застане автомобилот. Но наместо да запре, возачот забрзал и го прегазил полицискиот службеник по што побегнал.

Повредениот полицаец веднаш бил префрлен во болница, но се уште нема информации за тоа каква е неговата состојба. Според неофицијалните инфорации кои ги објави Курир најверојатно станува збор за дрвокрадци.

12.11.2013 - 20:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега