Удрил во Џип па со автомобилот завршил во ограда - прилепчанец загина во страотна сообраќајка

Околу 15 часот на кружниот тек кај Градската болница во Прилеп, се случила страотна сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.

Како што јавува МИА, до несреќата дошло кога Звонко Т. кој управувал со автомобил марка „фолксваген поло“ удрил во џип „хјундаи“ со кој управувал 32- годишниот С.Т, а потоа удрил во блиската ограда, и за жал веднаш им подлегнал на повредите.

Полицијата врши увид.

 

12.11.2013 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега