И полицајците и инспекторите на УЈП ќе казнуваат за пушење на погрешно место

Во рамки на продолжението на 74 седница, денеска во Собранието се донесени измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето.

Се предвидува  инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите  од  овој  закон да вршат Државниот пазарен инспекторат,  Државниот  санитарен  и  здравствен  инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, додека државниот просветен инспекторат да врши инспекциски надзор во објектите во кои се врши основно, средно и високо образование, научни институции, ученички  и  студентски  домови, јавни и приватни воспитно - образовни  и згрижувачки установи и игротеки.

Глобата за пушење во затворени простории каде тоа е забрането, е 300 евра.

12.11.2013 - 16:22
Фото: 
Хајдпарк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега