Тројката на разговори со грчкиот министер за финансии

„Тројката“  денеска во Атина разговараат со грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, додека пред зградата на ресорното Министерство протестираат отпуштените државни службеници, скандирајќи „убијци, убијци“.

Претсавниците на Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се сретнаа со Стурнарас во потрага по компромисно решение за прашањето за предвидениот дефицит на државниот буџет на Грција за 2014 година, што, според Владата, може да биде компензиран без нови големи мерки за штедење.

„Тројката“ ја проверува и прогнозата на Владата дека на Грција ќе и недостасуваат 500 милиони евра за да ги покрие своите финансиски потреби за следната година.

Атина смета дека оваа сума може да се компензира без ново намалување на трошоците или зголемување на даноците.

Исто така, се разгледуваат и начините за олеснување на мерките на Владата за гарантирање на хипотеките, судбината на државните претпријатија-загубари од одбранбената индустрија и деталите за планот за кастрења во државниот сектор.

 

12.11.2013 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега