Чешкиот претседател ги навреди лицата со посебни потреби

Чешкиот совет за лица со посебни потреби побара од Милош Земан да се извини за зборовите „дека именувањето на премиер е достоинствен настан, кој не може да го направи седејќи во инвалидска количка“

Претседателот кој неколку недели се наоѓа во инвалидска количка поради повреда на коленото, со неговата изјава ги навредил лицата со посебни потреби, изјавиле од советот.

- Со изјавата се имплицира дека едно лице во инвалидска количка има помалку достоинство отколку еден човек кој не е во инвалидска количка, изјави шефот на Советот Вацлав Краса.

Милош Земан  пред два дена, говорејќи за тоа дали и кога ќе го именува претседателот на чешките Социјалдемократи, Бохуслав Соботка за премиер рече: Само ќе го потсетам дека ако го именувам за премиер, ќе мора да почека, бидејќи тоа е малку подостоинствен настан, кој не можам да го решавам од инвалидска количка, рече Земан.

Земан поради повредата  до крајот на годината ги одложи сите службени патувања и посети.

12.11.2013 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега