Уште еден мандат за Ирина Бокова во УНЕСКО

Генерален директор на УНЕСКО Ирина Бокова повторно  доби втор мандат на чело на организацијата на ОН за прашањата на образованието, науката и културата.

На 4 октомври Извршниот совет на организацијата препорача Бокова да остане на функцијата уште еден, втор, мандат.

При изборот на шефот на УНЕСКО Генералната конференција по правило само ја потврдува одлуката на Извршниот совет.

Во Извршниот совет кандидатурата на Бокова доби апсолутно мнозинство од гласовите. Другите претенденти за функцијата: амбасадорот на Џибути во Франција, Рашад Фарах, и Либанецот Жозеф Мајла не обезбедија доволен број гласови.

Во првиот мандат на Ирина Бокова УНЕСКО преживеа тешка криза. Откако во 2011 година организацијата ја прими Палестина за полноправна членка, САД и Израел го замрзнаа плаќањето на членарината. Тоа УНЕСКО го лиши од 22 проценти од својот буџет. Меѓутоа, благодарение на работата на Бокова и на помошта од странски донатори, повеќето приоритетни програми за развој на образованието, науката и зголемувањето на културното наследство беа реализирани.

12.11.2013 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега