Беровчанец своите вработени ги оштетил за 262.000 денари

Поднесена е кривична пријава против 57- годишниот С.Т од с. Смојмирово, Берово кој е сопственик на ДПТУ „Стол Пром“ ДООЕЛ-с.Мачево. Тој си заработи  пријава поради кривичните дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. Лицето С.Т работел спотивно од Законот за работни односи и Законот за пензинско и инвалидско осигурување кој  во јуни 2013 година неосновано им го прекинал работниот однос на шест вработени и за претходните три месеци не им го исплатил личниот доход, а не им било платено пензиско, здравствено и инвалидско осигурување, оштеувајќи ги за износ од 262.800 денари.

12.11.2013 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега