Скопје: Вооружени разбојници нападнале Косовец и му украле 500 евра

На улицата “Петар Георгиев” во Скопје, синоќа околу 21 часот, неколку засега непознати лица, од кои едно вооружено со пиштол, го нападнале 40-годишниот Ф.Д. од Косово, одземајќи му 500 евра.

На косовскиот државјанин му е укажана лекарска помош во ГОБ “Св. Наум Охридски”. 

Полицијата трага по сторителите.

12.11.2013 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега