Учителка по веронаука силувала 14-годишен ученик

Учителката Аманда Ајлс која предава веронаука во католичкото училиште во градот Вајт Плејнс во Њујорк силувалa 14-годишен ученик.

Во нејзиниот мобилен телефон биле пронајдени фотографии и снимки од нивниот состанок кои ги потврдиле сомнежите на родителите на детето и на управата во училиштето.

Аманда по односот со малолетниот тинејџер и по една година мината во католичката установа дала отказ и се преселила на другиот крај од САД, во Калифорнија. Но, откако по исказот на детето била осомничена, таа се вратила во Њујорк и и се предала на полицијата, а пуштена е да се брани од слобода со кауција од 25 илјади долари. За време на сослушувањето жената кажала дека не се чувствува винова и дека не сторила ништо лошо.

„Шокантно е да се знае дека сте биле во близина на некој кој е во состојба да стори такво нешто. Лично, никогаш не сум имал лошо искуство со неа“, рекол Ентони Грацијано, кој и бил тутор на Аманда во католичкото училиште.

12.11.2013 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа