Папата испрати порака за скромност

Папата не се појави на гала концертот на сериозна музика, неговиот почесен стол остана празен, тој со тоа уште еднаш испрати порака за скромност.

„Папата Францис со тоа пратил порака дека додека Црквата е во криза, тој, а и гостите на концертот имаат многу поважни работи од гала вечери. Тој и натаму учи како да биде Папа, а ние учиме како да го следиме начинот на кој тоа го прави“, изјавил неименуван извор од Ватикан за медиумите.

Целта на Папата е во Ватикан да се искорени луксузот и распуштеноста, а да се прифати скромниот црковен живот. На ден пред концертот, Папата изјавил  дека бискупите треба да се блиски со обичните луѓе, а не да се однесуваат како принцови.

12.11.2013 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега