ФОТО: Ослабнал 150 килограми откако кралот го сместил во болница

 Халид бин Мохсен Шари од Саудија ослабел дури 150 килограми откако кралот Абдула му го платил целото лекување.

Шари кој живее во градот Јазан, пред третманот имал дури 610 килограни и не можел да стане од кревет.

Откако дознал за него, саудискиот крал во август нареди тој да се префрли во болницата во Ријад каде бил под интензивен медицински третман кој се состоел од строга диета и хируршки операции, за што бил составен тим од 21 стручњак.

Кралот Абдула ги плати сите трошоци на патувањето, лекувањето па и правењето на специјален кревет за Шари.

-   Пациентот одлично реагира на третманите и продолжува да се опоравува, посебно психички – велат докторите кои продолжуваат да го лекуваат бидејќи тој поради дебелината развил проблеми со срцето, белите дробови, дијабет и отекување на нозете.

Нему му престојат уште неколку хируршки зафати, по што би требало да му се овозможи нормален живот.

12.11.2013 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега