Провокативна изјава на Ердоган: Не постои земја која се вика Кипар

Како што пишува грчкиот весник „Етнос“, премиерот на Турција дал провокативна изјава во Полска, тој истакнал дека „не постои никаква земја која се вика Кипар“.

Ердоган исто така, додаде дека одлуката на ЕУ да ја прими „кипарско грчката администрација“ во своето семејство не било согласно европските закони, туку политички избор.

Зборувајќи на средба во Полска, Ердоган поконкретно изјави дека не постои држава која се вика Кипар, објаснувајќи дека тоа што постои е локална администрација на јужен Кипар.

- Северен Кипар има и една зелена линија меѓу северен и јужен Кипар, на која се наоѓаат безбедносни сили на ОН, за кои ЕУ знаеше кога ја донесе одлуката за членството на оваа островска земја, нагласи турскиот премиер.

Изјавите на Ердоган предизвикале остри реакции пишува весникот „Етнос“.

12.11.2013 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега