Путин денеска пристигна во Виетнам

Владимир Путин денеска пристигна во Виетнам, целта ана оваа посета е  подобрување на односите меѓу двете земји.

Разговорите меѓу Путин и виетнамскиот претседател Труонг Тан Санг ќе бидат првенствено насочени кон воена и енергетска соработка. Русија останува главен снабдувач на Виетнам со воена опрема и планира таму да почне со производство на воена опрема.

Русија минатата недела ја испорача на Ханој првата од шест дизел-електрични подморници „Кило класа“ во рамките на договорот од 2009 година.

Виетнам и Русија беа идеолошки сојузници до распадот на Советскиот сојуз во 1991 година, а нивните билатерални односи значително се подобрија во времето на Путин. Двете земји во 2001 година потпишаа договор за стратешко партнерство.

Меѓусебната соработка во енерхетскиот сектор се развива и надвор областа на нафтата и гасот. Руската компанија „Росатом“ го доби тендерот за изградба на првата виетнамска нуклеарна централа.

Претседателот на Русија денеска по завршувањето на  посетата на Виетнам тој заминува во посета на Јужна Кореја.

12.11.2013 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега