Вечерва ќе слушнеме 20 нови песни на Скопскиот фестивал

Во Македонската опера и балет вечерва ќе се одржи Скопскиот фестивал 2013. На вечерашниот фестивал ќе бидат изведени 20 песни во живо, следени од Ревијалниот оркестар на Македонската радио телевизија.

На сцената ќе се појават домашни и меѓународни музичари како Верица Пандиловска, Јана Бурческа и Мики Секуловски, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Чепишевски, Емил Арсов со Тончи Хулиќ и Мадре Бадеса, Александра Јанева, Наталија Данаилова, Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска Сара Мејс, Горан Каран, Игор Цукров и Кристина Арнаудова.

Најдобрите ќе добијат парични награди, а оваа година, наградата за животно дело ќе му биде доделена на македонскиот композитор на забавна и балетска музика, Љубомир Бранѓолица.

Фестивалот го организира МРТ, а водител ќе биде македонскиот актер Васил Зафирчев.

12.11.2013 - 08:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа