Хуманоста на дело: Папата ќе донира 150.000 долари за жртвите од тајфунот на Филипините

Папата Франсис откако дојде на престолот постојано докажува дека е голем и хуман човек. Откако за време на свој говор седна мало детенце во својот скут, а потоа и прекина говор за да бакне и прегрне човек чие лице е изобличено од тумори, овојпат Папата ќе донира 150.000 долари за жртвите од налетот на тајфунот на Филипините.

„По поминување на тајфунот, кој од овој викенд со неверојатна брзина ги погоди Филипините, посебно островите Лејт и Самар, папата Франциско одлучи да испрати 150.000 долари, како прв дел од помошта за населението“, се наведува во соопштението на Ватикан. 

Парите ќе бидат поделени на локалните цркви во регионите што најмногу се погодени со катастрофата, а ќе се користи за помош на раселени лица во поплавените зони.

11.11.2013 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега