Внимавајте: Поплднево невереме во Македонија

Времето во Македонија попладнево и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Се очекува во јужните делови да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе се движи од 13 до 18 степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно време, со магла по одделни котлини и постепено опаѓање на дневните температури.

11.11.2013 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа