ВИДЕО: Поради кладба ставил силиконски гради и не сака да ги извади!

Во далечната 1996 година Брајан Зембик од Лас Вегас имал кладба со свој пријател дека ќе издржи цела година со силиконски гради. Тој си ја добил кладбата и си заработил 100.000 долари, но силконите никогаш не ги извадил. Брајан силиконските гради ги смета како за составен дел од неговото тело, кој вели дека би се чуствувал чудно доколку ги извади.

 Тие се нормален дел од мојот живот. Колку тоа вам да ви изгледа болно и перверзно, мене ми е нормално - изјавил Американецот за „Inside Edition“.

Освен што мора да се грижи неговите мускули на градите да не се опуштат, Зембик на сметка на своето деколте заработува и пари. Имено тој од својот пријател годишно добива по 10.000 долари.

11.11.2013 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега