Бебе се роди во урнатините по налетот на тајфунот Хаијан

Една девојка од Филипините се породила во урнатините на градот кој е  разорен од ударот на тајфунот „Хаијан“. Девојчето е родено денеска во уништената аеродромска зграда која е претворена во импровизиран медицински центар.

„Таа е прекрасна, ќе се вика Беа Џој, како мојата мајка“, изјавила 21 – годишната мајка, пренесува АФП.

Емили Сагалис рекла дека мајка и исчезнала во  невремето.

„Денеска треба да го славиме новиот живот, но исто така ги оплакуваме и жртвите“, додал новиот татко.

11.11.2013 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа