Ламбе: Од срце ги пеам песните на Тоше Проески

Македонскиот пејач Ламбе Алабакоски за порталот Курир си ја отвори душата и раскажа за неговата нова улога на сопруг и за неговата кариера.

-Можеби понекогаш е добро човек да се дистанцира и од страна да ги види работите како стојат, кој како што. Изминатиов период се одморив, собрав нова енергија, искуство и се разбира се посветив малку приватно. Сега продолжуваме со работа на поле музика, а секојдневните обврски можеби се зголемија, но исто така и се поделија на две, вели пејачот за промените кои му се случија во животот.

Исто така Ламбе зборува и за својата најнова песна и спот: - „Земи се“ е мојот нов сингл со одличен модерен видео запис. За истиот се погрижи „Фабрика про“. Мислам дека ќе и се допадне на публиката. Следува „Скопски фестивал“. Ќе испеам балада која има тежина како песна, музички средена со оркестарот на МРТ. Оваа балада има и нешто биографско во текстот кој е мој. Музиката е на Јован Јованов. Се надевам одлично ќе помине иако за баладите треба време за да испловаат кон поголем успех.

Пејачот вели дека секогаш ги пее песните од Тоше Проески и Славе Димитров.

На прашањето каде се гледа за десет години, Ламбе вели: - Здравје си посакувам, се друго ќе дојде што е мое, фамилијарен и со уште многу албуми и песни.

11.11.2013 - 11:41
Фото: 
Идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега