Не издржа: Почина и сопругата на загинатиот кумановчанец

38 годишната Л.С. од селото Брзак им подлегна на повредите здобиени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Куманово - Скопје, пишува порталот Кумановоњус.

Според информациите на порталот, жената починала доцна синоќа во болница во Скопје. Нејзиниот сопруг, возачот на автомобилот, загина на лице место.

Според информациите од полицијата, Марјан управувал со возило „Венто“ со кумановски регистарски таблички, изгубил контрола врз автомобилот, завршил на спротивната страна од коловозот и се судрил со друго возило. Возачот на автомобилот кој доаѓал од спротивната страна останал неповреден.

09.11.2013 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа