Влегле во „Гоцева порта“ и ги расплакале гостите - се пролеа крв во битолска кафана

Битолчаните М.Ј.(38), Е.И(41), Н.Ш (18), С.Д.(15), Џ.К(17), В.К. (17) и Е.И(16) си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор откако крвнички претепале тројца нивни сограѓани.

Како што информираат од полицијата, на 7. ноември седуммината битолчани влегле во кафеаната „Гоцева Порта“ и со разни дрвени, метални и пластични предмети, шишиња и ножеви ги нападнале битолчаните М.Х (28), М.Џ.(27) и Б.Т.(30). Нападнатите момчиња заработиле посекотини на прсти, потрес на мозок, фрактура на десна клучна коска и контузија. 

 

09.11.2013 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа