ФОТО: Свети Наум добива нов лик - се гради модерен парк со фонтана и паркинг
Модерен парк кој ќе има фонтана и паркинг простор започна да се гради во Свети Наум во Охрид.
Како што пренесува А1.он, на влезот на комплексот ќе ве дочекаат и нови санитарни јазли, кои веќе се пуштени во употреба, а ќе има и посебен простор за тезги.
Новиот изглед на Свети Наум го поздравуваат и граѓаните и бизнисмените.
Инаку, ова место во Охрид секојдневно го посетуваат по неколку стотина туристи од земјава и странство.
Фото:
А1.он