Викендов олимпискиот факел "ќе се прошета" во Вселената

За прв пат во историјата, оваа сабота руските космонаути Олег Котов и Сергеј Рјазански ќе го однесат олимпискиот факел во Вселената.

Факелот во текот на утрешниот ден ќе биде лансиран кон вселенската станица Мир, од космодромот Бајконур, пренесоа медиумите од Русија.

Екипажот на бродот ќе го сочинат Русинот Микхаил Тјурин, Рик Мастрачио од Соединетите Американски Држави и Јапонецот Коичи Ваката. факелот во Вселената ќе биде пет дена, а на Земјата ќе го врати Русинот Фјодор Јурчикин, заедно со Карен Ниберг од САД и со Италијанецот Лука Пармитано.

Поради безбедносни причини, додека е во  вселенскиот брод , факелот ќебиде изгаснат.

06.11.2013 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега